top of page
Лого макфест.jpeg

Макфест 2023

 

                                                    

АПЛИЦИРАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

 

Општина Штип спроведува меѓународен конкурс за аплицирање на изведувачи за натпреварувачка вечер на Макфест 2023. Општина Штип го распишува меѓународниот конкурс за фестивалот Макфест почнувајќи  од 20 Јануари 2023.  Конкурсниот рок за аплицирање на изведувачи и композиции е 2 календарски месеца од датумот на објавување на конкурсот.

 

Во натпреварувачка вечер може да учествуваат:

  • домашни и странски физички и правни лица

  • нови изведувачи, помалку или повеќе познати како и најпознати изведувачи на македонската и пошироката јавност

  • сите заинтересирани учесници кои си поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се изразат со својот квалитет, способност и креативна композиција, имаат право на учество на конкурсот.

Изведувачите можат да се пријават со демо снимка (композиција која може да претрпи промени или целосно да се смени доколку се понуди подобра од страна на самиот изведувач и неговиот авторски тим) или со Мастер песна (Песна која е во финална верзија, за која изведувачот и неговиот авторски тим сметаат дека е таа е најдобрата композиција за изведувачот)

 

Еден автор на музика, аранжман или текст може да биде застапен со најмногу 2 композиции во натпреварувачката фестивалска вечер. Еден изведувач може да учествува само со една композиција.

Изведбата на избраните композиции на Фестивалот ќе биде во живо на матрица. 

Општина Штип со избраните автори и изведувачи на Конкурсот, ќе склучи Договор за настап на Фестивалот и на истите ќе им биде исплатено 61.500,00 (шеесет и една илјада и петстотини) денари вкупен надоместок за секоја избрана композиција.

 

Општи критериуми за избор

 

На конкурсот нема да бидат поддржани Изведувачи кои не промовираат говор на омраза, етаблирани изведувачи помалку или повеќе познати на македонската јавност, 

На конкурсот нема да бидат поддржани композиции со текстови во кои се промовира говор на омраза, кршење на човековите права и дискриминација по било која основа или се заговара практикување на психотропни супстанци и неморал.

Квалитетот на песните треба да биде на ниво со реномето и квалитетот на Фестивалот и неговата традиција во популарната музика.

Композициите треба да се напишани за глас и во духот на традицијата на Фестивалот и модерната светска и македонска ПОП сцена и сродните компатабилни  трендовски жанрови.

Композицијата треба да биде оригинална и досега неизведена.

 

Композициите доставени на Конкурсот не треба да се подолги од 3’ 30”.

 

                                                               

Награди

На фестивалот ќе се доделат 3 (три) афирмативни музички награди, без паричен надоместок и тоа:

  • Награда за највпечатлива вокална интерпретација, ќе се додели согласно одлуката донесена од страна на Стручната жири комисија

  • Награда за највпечатлив дебитантски настап на Фестивалот, ќе се додели согласно одлуката донесена од Стручната жири комисија.

  • Награда за највпечатлив спој на мелодија и аранжман „Драган Ѓаконовски – Шпато” ќе се додели согласно одлуката донесена од страна на Стручната жири комисија

Првите шест пласирани песни ќе завземат учество во втората ревијална вечер на Макфест 2023.

Пријави се за Макфест 2023

Информации за изведувач

YouTube линк од најгледани 2 видеа (видео записи од авторкси песни, јавни настапи со пеење во живо или преработка на песна)

Прикачи потврда потпишана од сите автори за оригинално музичко дело и не изведувано до сега во јавност. Во потврдата потребно е да се наведат информациите за сите автори (адреса на живеење, ЕМБГ, како и да е потпишана од страна на истите.

Прикачи
Прикачи

Прикачи потврда потпишана од сите автори за оригинално музичко дело и не изведувано до сега во јавност. Во потврдата потребно е да се наведат информациите за сите автори (адреса на живеење, ЕМБГ, како и да е потпишана од страна на истите.

Прикачи
Прикачи

Thanks for submitting!

*Доколку сакате да аплицирате со повеќе од 2 композиции, потребно е да пополните нова форма

bottom of page